Дома Трансфер зона Парите сега не ми значат ништо: Со ги одби милионите од Саудиска Арабија

Парите сега не ми значат ништо: Со ги одби милионите од Саудиска Арабија

Фудбалерот на Тотенехм, Сон истакна дека не сака да оди во Саудиска Арабија бидејќи парите во овој момент не му значат многу.

Желбата на Кореецот е да остане во Тотенхем и да оствари успех во Премиер лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Имам многу работи да направам во Премиер лигата. Парите сега ништо не ми значат, важно е играњето со гордост, сакам да ја играм омилената игра онаму каде што најдобро се чувствувам. Сакам повеќе да играм за Тотенхем во Премиер лигата. Добро ќе се спремам кога ќе се вратам“, изјави Сон, за „Скај“.

За јужнокорејскиот репрезентативец заинтересиран е Ал Итихад, но Тотенхем не сака да го продаде на саудискиот клуб. За тој клуб потпишаа Карим Бензема од Реал Мадрид и Н’Голо Канте од Челзи.

Сон сезонава одигра 47 натпревари за Тотенхем и постигна 14 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер пронајде голман за кој ќе плати 20 милиони евра

Додека екипата на Интер убедливо стигна до титулата шампион на Италија, раководството на к…