Денес беа одиграни првите четвртфинални натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија.
Големо внимание привлече дуелот помеѓу Шкендија и Работнички, кој заврши без победник (1:1). Шкендија поведе со голот на Жуниор уште во 8-та минута од мечот, а Работнички израмни со погодокот на Драган Стојков во 33-та минута после катастрофалната грешка на голманот Захов.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Актуелниот бранител на трофејот Академија Пандев славеше на гостувањето кај Шкупи со 1:0 и така направи голем исчекор кон полуфиналето.
Единствениот гол на мечот беше постигнат буквално во последната минута од судиското продолжение, кога Темелков го матираше голманот на домаќините.