Фудбалската федерација на Македонија и официјално направи чекор назад на ФИФА ранг листата со пад од една позиција.
Македонија од денеска на најновото рангирање е на 69-тата позиција со осум бода помалку од рангирањето во февруари. За падот на Македонија придонесе ремито со Молдавија и поразот од Црна Гора во двата пријателски натпревари.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На врвот и понатаму лидер е Аргентина, Франција е втора, трета е Белгија, а Англија е на четвртото место. Бразил е петти, Португалија скокна за едно место и сега е шеста, Холандија е на седмото место, а во топ 10 се уште Шпанија, Италија и Хрватска.