Дома Топ вести Падна договор: Ѕвездата на Милан прво засилување за Конте

Падна договор: Ѕвездата на Милан прво засилување за Конте

Антонио Конте денес и официјално беше промовиран во нов менаџер на Тотенхем, а раководството е спремно да му ги исполни сите желби на трансфер пазарот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Една од најголемите желби на Конте е играчот за врска на Милан, Франк Кеси, на кого договорот му завршува на крајот на сезоната.

„Росонерите“ подолго време преговараат со агентот на Кеси, но двете страни се далеку од договор, а последните информации се дека Тотенхем ја искористил таквата ситуација.

Имено, „спарси“ постигнале договор со Кеси за четиригодишна соработка и годишна плата од 10 милиони евра.

Милан не сака да го пушти играчот во јануари, бидејќи се бори за Скудетото, па Кеси на лето како слободен играч ќе се пресели во Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…