Дома Топ вести Падна договор: Барселона добива големо засилување

Падна договор: Барселона добива големо засилување

Барселона и Манчестер Сити се во напредни преговори за трансфер на Феран Торес, пренесуваат каталонските медиуми.

Чави силно го посакува шпанскиот репрезентативец во јануари, бидејќи сака да го засили нападот, а и самиот играч сака да се врати во Шпанија.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Барселона испратила понуда од 45 милиони евра плус 15 милиони во вид на бонуси, а „граѓаните“ се спремни да ја прифатат и да го пуштат Феран Торес бидејќи не сакаат незадоволни фудбалери.

Каталонците преговараат за трансфер во јануари, со задолжителен откуп на крајот на сезоната, а според каталонски „Спорт“ трансферот е пред реализација.

Феран Торес веќе постигнал комплетен договор со Каталонците за 5-годишна соработка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Повеќе нема дилеми: Познати детали од договорот на Компани и Баерн

Познатиот германски новинар Флоријан Плетенберг на Твитер објави дека Баерн конечно ја зав…