Европскиот шампион Вардар запиша победа на неофицијалното светско клупско првенство ракомет против иранскиот тим на Гашаран.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Избраниците на Раул Гонзалес запиша победа со осум поени разилка 30:22 и на тој начин обезбеди влез во полуфиналето каде ќе се сретне против шпанската Барселона која го елиминираше составот на тунискиот претставник, Есперанце.
Гашаран не беше достоен противник за Вардар, македонскиот претставник добро го започна натпреварот и веќе на полувремето замина со предност од пет голови разлика 15:10. Најдобар играч во тимот црвено-црните за овој натпревар беше Вук Борозан
Вардар полуфиналната пресметка со Барселона ќе ја игра утре со почеток во 18:00 часот.