Дома Трансфер зона Паднал договор: Јунајтед го „украде“ планираното засилување на Реал Мадрид

Паднал договор: Јунајтед го „украде“ планираното засилување на Реал Мадрид

Според последните информации фудбалерот на Лил, Лени Јоро го избрал Манчестер Јунајтед.

Иако со месеци наназад се поврзуваше со Реал Мадрид, Јунајтед беше упорен и на крјаот како што изгледа победил во трката за неговиот потпис.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бројни извори објавија дека Лил ја прифатил понудата од Јунајтед и Јоро се согласил на условите, па сега се очекува да потпише договор до 2029 година.

Манчестер Јунајтед за услугите на Јоро прифатил да плати 50 милиони евра фиксно и плус 12-13 преку бонуси. Реал Мадрид од друга страна не сакал да плати повеќе од 30.

Ерик Тен Хаг со Јоро добива засилување во одбраната какво што посакуваше, меѓутоа тука веројатно нема да биде крајот затоа што Јунајтед преговара со Матијас Де Лихт, а претходно потпиша Џошуа Зиркзе.

Анчелоти во Реал Мадрид во овој момент ги има на располагање Антонио Рудигер и Едер Милитао, додека Алаба нема да биде на терените до крајот на годината поради повреда на коленото, па така Реал ќе мора да побара друго решение во одбраната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…