Дома Трансфер зона Паднал договор: Лингард пронајде нов клуб?

Паднал договор: Лингард пронајде нов клуб?

Откако летово му истече договорот со Нотингем форест, фудбалерот Џеси Лингард е слободен агент. Во повеќето лиги заврши преодниот рок, а Англичанецот и натаму нема к

Како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, тоа наскоро би можело да се промени. Имено, Лингард почна да тренира со Ал Етифак, клуб од Саудиска Арабија со кој раководи легендата на Ливерпул, Стивен Џерард.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лингард може да тренира со клубот еден месец, а потоа тој и клубот мора да одлучат дали ќе потпишат договор.

Според најголемиот стручњак за трансфери Романо, Џерард исто така ќе има важна улога во одлучувањето дали поранешниот играч од средниот ред на Манчестер јунајтед ќе потпише за клубот што го тренира.

Ова би бил четврти клуб за Лингард во кариерата. Претходно 30-годишниот играч во кариерата беше дел од Манчестер јунајтед, Вест Хем (на позајмица) и Нотингем форест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…