Aнглискиот фудбалер Џеси Лингард (31) пронајде нов клуб. Според информациите на експертот за трансфери Фабрицио Романо, Лингард се сели во тимот на Сеул од Јужна Кореја.
За Лингард ова ќе биде прв ангажман по седум месеци. Минатото лето по играњето за Нотингем Форест остана без договор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Лингард се прослави носејќи го дресот на Манчестер Јунајтед за кој одигра 232 натпревари и постигна 35 голови, додавајќи 21 асистенции. За репрезентацијата на Англија настапи на 32 натпревари и шест пати се запиша во листата на стрелци.
Сепак, своите најдобра форма ја прикажа можеби во дресот на Вест Хем каде што се задржа само една полусезона. За овој клуб на 16 натпревари постигна девет гола и подели пет асистенции.
Во 2021 година Лингард беше апсолутен хит во Премиер лигата, но во овој момент вреди околу шест милиони евра.