Ливерпул и Манчестер Сити моментално го играат првиот натпревар во рамки на четвртфиналето во ЛШ на „Енфилд“, а делегацијата на „Граѓаните“ имаше „одличен“ пречек пред стадионот на „Црвените“.
Имено, голем број навивачи од Ливерпул со помош на пиротехнички средства и навреди го пречека автобусот на Манчестер Сити кој пристигна на „Енфилд“, а потоа поединци одлучија со лименски и останати предмети да маваат по автобусот во кој се наоѓаше екипата на Гвардиола.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во таа прилика, автобусот беше оштетен, а набрзо од Ливерпул пристигна и извинување за ваквите постапки на навивачите на овој клуб.
„Најостро ги осудуваме случувањата кои претходеа на мечот во ЛШ, а кои резултираа со оштетување на клупскиот автобус на Манчестер Сити. Се извинуваме на Пеп Гвардиола, неговите играчи, персоналот и челниците кои се наоѓаа во непријатна ситуација“, порачаа од Ливерпул на официјалната страна.