Лисандро Лопез фудбалерот кој во Интер пристигна на позајмица од Бенфика до крајот на сезоната ќе биде вратен во португалскиот клуб.
Значи, од наредната сезона овој фудбалер повторно ќе ги брани боите на Бенфика.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Интер имаше можност да го откупи неговиот договор за сума од девет милиони евра, но Спалети го означил како непотребен.
Ваквиот потег на италијанскиот стратег е и очекуван со оглед на тоа што оваа сезона Лопез за Интер одигра само едно полувреме против Болоња.
Иначе, причината за ваквата одлука е и тоа што Интер го обезбеди потписот на дефанзивецот од Лацио, Стефан Де Фрај кој пристигнува како слободен фудбалер.