Тешкиот пораз од Манчестер Сити во Лигата на шампиони беше капката која ја прели чашата, па раководството на Шалке реши да му врачи отказ на тренерот Доменико Тедеско.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Германскиот клуб денес и официјално ја потврди разделбата со младиот тренер, само два дена после дебаклот на „Етихад“ и поразот од 7:0 против Манчестер Сити.
Domenico #Tedesco freigestellt, Huub #Stevens und Mike #Büskens gegen Leipzig interimsmäßig auf der Bank. Alle Infos ? https://t.co/wXVnMjiVaQ #S04 pic.twitter.com/CXmms7ICJF
— FC Schalke 04 (@s04) March 14, 2019
Покрај дебаклот во Лигата на шампиони, Шалке не може да се пофали и со добра сезона во Бундеслигата. Во моментов тимот е блиску до зоната за испаѓање, па Тедеско мораше да ја плати сметката за лошата сезона.
Германските медиуми тврдат дека Шалке на кормилото ќе го врати Хјуб Стивенс.