Дома Македонски спорт Охрид Ултра-Треил – 100 километарска трка во планинско трчање на Галичица

Охрид Ултра-Треил – 100 километарска трка во планинско трчање на Галичица

Следната година од 22 до 24 мај, охридско-преспанскиот регион ќе биде домаќин на новото издание на трката Ohrid Ultra-Trail, настан кој со една од своите трки оди во доменот на ултра-треил трчањето.

Настанот „Охрид Ултра-Треил® 2020″ ќе биде составен од три трки во планинско трчање кои во текот на целиот викенд ќе се одвиваат на планината и националниот парк Галичица. За прв пат во овој регион една од трките која ќе се организира ќе има должина од 100 километри со старт и финиш во Охрид. 


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Останатите две дистанци се минатогодишната 62-километри долга трка со старт од Св. Наум која минува низ целиот гребен на Галичица и финишира во Охрид, а организаторите припремија и пократка трка од 18 километри за љубителите на побрзи трки и соодветна за оние кои се запознаваат со планинското трчање.

Минатата година „Охрид Треил” го имаше своето премиерно издание со две трки од 60 и 35 километри на кои учествуваа 140 учесници. Овие настани претставуваат нова гранка во авантуристичкиот туризам нудејќи колективна тура низ планински терен со посебен акцент на компететивност, колегијалност, другарување, запознавање, мулти-културализам и чувство за себенадминување.

Тимот на „Охрид Ултра-Треил®” цели кон креирање на висококвалитетен спортско-рекреативен настан со светско реноме во овој регион, со привлекување на што повеќе наши тркачи кон спортот, но и висока бројка на меѓународно учество. 

Засега, „Охрид Ултра-Треил®” ќе биде единствена трка со должина од над 100 километри во календарот нашата држава. 

Пријавите ќе бидат отворени во првата половина од декември на официјалната веб-страна www.ohridtrail.mk 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар се засили со дефанзивецот Пинтер

Вардар започна со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот мак…