Дома Фудбал Официјално: Шалке му раскина на „Газпром“

Официјално: Шалке му раскина на „Газпром“

Германскиот клуб Шалке, за кој настапува и македонскиот репрезентативец Чурлинов, донесе тешка одлука и официјално го раскина договорот со Газпром.

Шалке уште минатата недела одлучи да го тргне логото на Газпром од дресовите, а денеска ја прекина соработката со нафтениот гигант која траеше од 2007 година.

Клубот во моментов е во преговори со претставници на спонзорот и сите детали ќе бидат познати по завршување на истиот. Оваа одлука нема да влијае на финансиската ситуација на клубот. Управата е убедена дека наскоро ќе може да го објави името на новиот спонзор“, соопшти Шалке.

Германскиот второлигаш на овој потег се одлучи поради руската воена инвазија на Украина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…