Фудбалерот кој неодамна спогодбено го раскина договорот со Вардар Хуан Фелипе си пронајде нов клуб.
Имено, човекот кој беше најдобар фудбалер на Вардар во последните две сезони во иднина ќе настапува за тимот на Каират од Казакстан со кого потпиша договор на една година со можност истиот да биде продолжен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Името на Бразилецот секогаш ќе остане запишано во историјата на Вардар како играч кој го постигнал историскиот прв гол за Вардар во Лигата на Европа, погодокот кој го постигна на гостински терен против Розенборг.
Фелипе во Вардар пристигна во 2015 година од редовите на ЦСКА Софија. За „црвено-црните“ настапи на 112 натпревари и постигна 28 погодоци.
Интересно е што како официјална причина за заминување на Фелипе од Вардар беа наведени семејните причини.