Дома Останати Кошарка Официјално: Фајнл-фор на Евролигата ќе се игра во Белград

Официјално: Фајнл-фор на Евролигата ќе се игра во Белград

Белград официјално ја доби организацијата на завршниот турнир во Евролигата и така по четири години повторно ќе биде домаќин на фајнл-форот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првично завршниот турнир требаше да се игра во Берлин. Германците се откажаа поради епидемиолошките мерки, бидејќи се уште важи правилото натпреварите во сала да се играа без публика.

„Белград во овој момент беше најдобра алтернатива за Берлин. Им должиме голема благодарност на владата на Србија и на градот Белград. Очекувам епидемиолошката ситуација да дозволи да имаме спектакуларен турнир“, изјави првиот човек на Евролигата, Жорди Бартомеу.

Белград 2018 беше повеќе од успешен домаќин на фајнл-форот и има искуство во организирање големи настани.

Полуфиналните натпревари ќе се играат на 19 мај од 18 и 21 часот, додека финалето ќе се игра на 21 мај од 19 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Хаос во Њујорк по освоената титула – навивачите го демолираа градот (Видео)

Титулата по 54 години предизвика огромна еуфорија меѓу навивачите на Њујорк Никс, но славј…