Тоа што се најавуваше од синоќа сега доби официјална потврда, Оле Гунер Солскјер не е повеќе тренер на Манчестер Јунајтед.
Поразот од Ватфорд (4:1) ја прели чашата, па синоќа бордот на директори и сопствениците Глејзер донесоа одлука да му врачат отказ на Солскјер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според англиските медиуми, Солскјер ќе инкасира обештетување од 7,75 милиони фунти како компензација за предвремениот отказ.
Од клубот потврдија дека Мајкл Карик ќе го води тимот во следните натпревари додека раководството бара привремен тренер до крајот на сезоната.
Manchester United can confirm that Ole Gunnar Solskjaer has left his role as Manager.
— Manchester United (@ManUtd) November 21, 2021
Thank you for everything, Ole ❤️#MUFC