Дома Македонски спорт Мак фудбал Официјално: Скубе со емотивна порака се прости од Вардар!

Официјално: Скубе со емотивна порака се прости од Вардар!

Сташ Скубе си заминува од Вардар по крајот на сезоната, Словенецот преку социјалните мрежи со емотивна порака ја потврди разделбата. 

Денеска плејмејкерот на својот Инстаграм профил потврди дека ова лето ќе го напушти македонскиот и европски шампион.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Словенецот, кој беше една од клучните алки минатата година во освојувањето на трофејот во Лигата на шампионите со емотивна порака се прости од „црвено-црните“.

„Има само неколку добри спомени, но ова беше повеќе од тоа. Горд сум што го носев дресот на Вардар две години и горд сум на она што го постигнавме во периодот кој измина! Секако, освојувањето на Лигата на шампионите минатата година беше еден од најдобрите денови во мојот живот! Би сакал да им се заблагодарам на соиграчите, на навивачите и на луѓето кои не поддржуваа и во добро и во лошо. Му посакувам на Вардар се најдобро и се надевам дека во иднина клубот ќе биде на нивото на кое заслужува. Ќе го напуштам Скопје ова лето, но сугирен сум дека нашите патишта повторно ќе се вкрстат. Вистинската љубов има навика да се враќа! Еден живот, една љубов!“, напиша Скубе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…