Дома Македонски спорт Мак баскет Официјално: Сениорките нема да патуваат во Рига

Официјално: Сениорките нема да патуваат во Рига

Женската сениорска репрезентација на Македонија нема да патува за Рига, и нема да игра на претстојниот квалификациски турнир за пласман на Евробаскетот 2021 година каде требаше да ги одигра последните два натпревари. Против селекциите на Летонија и на Хрватска, предвидени за 4. односно 6. февруари.

Како основна причина за откажување на настапот на нашата женска сениорска селекција на „балонот“ во главниот град на Летонија, се два позитивни случаи на Ковид-19, кои беа потврдени на задолжителното тестирање од корона вирус направено во Охрид, непосредно пред тргнувањето за Рига.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во целодневните консултации кои нашата федерација ги имаше со челниците на ФИБА констатирано е дека не постојат здравствени услови за оваа наша селекција да отпатува, и да биде дел од „балонот“ во Рига

Инаку, двата позитивни теста се потврдени кај стручниот дел од нашата најдобра женска селекција.

„Со оглед на тоа дека биле во најблизок контакт со ‘позитивните’, во наредниот период останатите членови на нашиот национален тим, а по препорака на лекарските авторитети, ќе бидат во самоизолација, со што би се спречило ширење на заразата.

Како одговорна федерација, ние секојдневно ќе ја следиме состојбата на сите членови на нашата женска селекција“- го потврдува откажувањето на турнирот во Летонија, генералниот секретар, Владимир Георгиевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Доби повик за ЕП, а тој го испланирал годишниот одмор: Веќе резервирав сафари во Танзанија

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман вчера го објави списокот на фудбалери за Европс…