Дома Фудбал Англија Официјално: Роналдо исфрлен од тимот на Манчестер Јунајтед

Официјално: Роналдо исфрлен од тимот на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед преку официјално соопштение потврди дека Кристиано Роналдо нема да патува со тимот за саботното дерби против Челзи, после „инцидентот“ кој го направи на мечот со Тотенхем.

Роналдо демонстративно го напушти натпреварот на две минути пред завршувањето и одби да влезе во игра, иако Тен Хаг сакал да изврши измена.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега пристигна и официјалната реакција од Манчестер Јунајтед, Роналдо нема да биде во составот на Манчестер Јунајтед за саботното дерби против Челзи.

„Кристиано нема да биде дел од тимот на Манчестер Јунајтед за натпреварот против Челзи оваа сабота. Остатокот од тимот е целосно фокусиран на подготовките за тој натпревар“, соопштија од клубот.

Медиумите пренесуваат дека Роналдо е исфрлен од тимот поради недисциплина, но не е јасно до кога.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Екс-фудбалерот на Милан вторпат направи сообраќајка во три месеци

Напаѓачот на Емполи, Мбаје Нијанг имаше уште една сообраќајна несреќа. Овој 29-годишен нап…