Рома експресно пронајде замена за крилниот фудбалер Николо Заниоло кој се повреди во натпреварот против Јувентус.
Заниоло против Јувентус заработи повреда која ќе го одалечи од терените најмалку шест месеци и поради тоа Рома го ангажираше Матео Политано.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Политано пристигнува од Интер каде што покрај Лаутаро и Лукаку не доби многу простор за игра. Тој денес ги помина лекарските прегледи и потпиша договор со „волчицата.
Станува збор за играч кој има 26 години и кој може да игра левото и десното крило, а во текот на сезоната вкупно во сите натпреварувања запиша 15 настапи, но не забележа гол или асистенција.
Matteo Politano has completed his medical ahead of his move to Roma from Inter Milan. (Source: @ASRomaEN) pic.twitter.com/oOE3Cn2e2E
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 15, 2020