Французинот Флорен Гизолфи ќе стане нов спортски директор на Рома, објави неговиот досегашен тим Ница.
Оваа вест во интервју ја потврди и претседателот на Ница, Жан-Пјер Ривер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Флорен Гизолфи си заминува, се сели во Рома и ние сме среќни поради него. Поминавме неколку добри месеци заедно, тој е добра личност и многу го цениме тоа. Му посакуваме се најдобро. Негово беше барањето да замине, а ние не сакавме да му стоиме на патот“, рече Ривер.
Гизолфи ќе го раскине договорот со Ница и на тој начин ќе и олесни на Рома која нема да мора да плаќа оштета.
Местото спортски директор на Рома е испразнето откако Тијаго Пинто поднесе оставка на крајот од јануарскиот преоден рок.