Дома Фудбал Италија Официјално: После првото засилување, Рома доби и нов тренер!

Официјално: После првото засилување, Рома доби и нов тренер!

Екипата на Рома денес официјално објави дека постигнале договор со Еусебио Ди Франческо кој ќе биде новиот тренер на римскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ди Франческо во текот на вчерашниот ден го раскина договорот со Сасуоло, после што немаше никакви пречки да ја превземе „Волчицата“. Италијанскиот стручњак пристигна во Рим каде што разговараше со управата на Рома, а потоа беше објавено и дека е постигнат договор.

„Среќен сум што се вратив во Рома. Мило ми е што ќе го тренирам клубот за кој некогаш настапував. Им благодарам на директорите на клубот за оваа прилика, ќе дадам се од себе да ги исполнам очекувањата“, изјави Ди Франческо.

Овој стручњак ги бранеше боите на Рома од 1997 година до 2001 и со овој клуб го освои Скудетото во 2001 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Миа Калифа во живо го гледаше финалето и заработи над пола милион евра!

Миа Калифа, некогаш позната ѕвезда од индустријата за возрасни, ја изненади публиката на с…