Дома Фудбал Италија Официјално: Поранешниот играч на Интер и Јувентус ќе го тренира Балотели

Официјално: Поранешниот играч на Интер и Јувентус ќе го тренира Балотели

Бреша лошо влезе во сезоната и после десет одиграни натпревари во Серија А освои само седум бодови и се наоѓа на последната претпоследното место.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После новиот пораз од Верона овој викенд клубот одлучи да го отпушти Еугенијо Корино.

Веднаш е пронајдена и негова замена, а станува збор за поранешниот играч на Интер и Јувентус, Фабио Гросо.

Тој во текот на својата тренерска кариера го водеше младиот тим на Јувентус, Бари, а потоа и Верона минатата сезона, но доби отказ откако овој тим го доведе до плеј-офот во Серија А.

Веќе денес Гросо го одработи првиот тренинг со екипата, а првиот натпревар ќе го има во сабота кога Бреша на свој терен ќе игра против Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФИФА заработи милијарди поради ова: Овие три минути го менуваат фудбалот каков што го познаваме

Хидратациските паузи, кои се воведуваат околу 22-та и 67-та минута од натпреварите на Свет…