Дома Трансфер зона Официјално: Онана е нов голман на Манчестер Јунајтед

Официјално: Онана е нов голман на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед денес и официјално го претстави новиот голман, Андре Онана, кој доаѓа од Интер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвените ѓаволи“ беа во потрага по наследник на Де Геа, а после долгите преговори постигнаа договор со Интер за трасфер тежок 52 милиони евра плус бонуси.

27-годишниот камерунски чувар на мрежата потпиша 5-годишен договор со опција за продолжување на уште една сезона.

„Да се биде дел од Јунајтед е неверојатна чест и цел живот работев за ваков момент. Ќе биде неверојатно чувството кога ќе излезам на Олд Трафорд за да го чувам голот. Ова е нов предизвик за мене, со нови амбиции и нови соиграчи“, изјави Онана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…