Фудбалерот на Малме Ердал Ракип веќе може да биде дел од списокот на Благоја Милевски уште за претстојните квалификациски натпревари кои ќе ги играме со Лихтенштајн и Германија во октомври.
Ракип ја доби потребната дозвола од ФИФА да настапува за Македонија. Тој веќе подолго време има македонски пасош, а сега сите пречки се отстранети и тој може да почнe да настапува за нашиот национален тим.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со Ракип би се зголемила конкуренцијата во средниот ред, а сигурно ќе дојде добро и во кога Енис Барди и Арјан Адеми се неизвесни поради повреди.