Наполи денес и официјално го потврди трансферот на Станислав Лоботка од Селта, што е второ засилување за тимот оваа зима.
После неколкунеделни преговори двата клуба конечно пронајдоа заеднички јазик, па вчера фудбалот ги мина лекарските прегледи и денес трансферот беше официјално потврден.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Наполи за потписот на Лоботка ќе плати 20 милиони евра, плус 4 милиони во име на бонуси, а Словакот денес потпише договор до 2024 година според кој ќе заработува 1,8 милиони евра по сезона.
Лоботка е второто засилување за тимот на Гатузо во јануари, претходно од Лајпциг пристигна Диего Деме за 12 милиони евра.
Benvenuto Stanislav #ADL pic.twitter.com/VaHkfBhXBy
— AurelioDeLaurentiis (@ADeLaurentiis) January 15, 2020