Дома Топ вести Официјално: Модриќ потпиша!

Официјално: Модриќ потпиша!

Лука Модриќ и следната сезона ќе игра во Реал Мадрид, објавија „кралевите“.

Капитенот на репрезентацијата на Хрватска одби 200 милиони евра по сезона од Саудиска Арабија и одлучи да остане во Реал Мадрид.

„Реал и Модриќ договорија продолжување на соработката до 30-ти јуни 2024 година“, потврди гигантот од Мадрид.

Во Реал Мадрид, Модриќ пристигна пред 11 години и со овој клуб освои 23 трофеи, пет титули во Лигата на шампионите, пет светски клупски првенства, четири европски суперкупа, три шпански првенства, два шпански купа, и четири шпански Суперкупа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Германија не се истакна во дебито на Клоп, но беше на секунди од победа во Амстердам

Холандија и Германија одиграа 1:1 во натпревар од групата 2 во најсилната дивизија на Лига…