Младинскиот репрезентативец на Македонија Милан Ристовски е промовиран во Спартак Трнава.
Ристовски е напаѓач на Ријека, а сега во потрага по минутажа ќе игра повторно во Словачка каде што веќе го носеше дресот на Нитра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пред пет месеци Ристовски се здоби со фрактура на левата нога и зад него е период на рехабилистација, сега е скоро спремен за настап за Трнава. На позајмица во Трнава младиот напаѓач ќе биде до крајот на јуни, тогаш се очекува да се врати во Хрватска.
Ќе потсетиме, Ристовски е брат на македонскиот сениорски репрезентативец Стефан Ристовски кој вчера беше промовиран како нов играч на Динамо Загреб.