Манчестер Јунајтед предмалку на социјалните мрежи го претстави Мејсон Маунт кој пристигнува од Челзи за 60 милиони евра.
Маунт на емотивен начин вчера се збогубаше од навивачите на „сините“, а денес е промовиран во нов фудбалер на клубот од „Олд Трафорд“.
The excitement is mounting.
— Manchester United (@ManUtd) July 5, 2023
🕚#MUFC pic.twitter.com/OdNuN0sU7a
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Здраво фанови на Челси. Со оглед на шпекулациите во изминатите месеци, ова можеби не ви доаѓа како изненадување, одлуката да го напуштам Челси. Мислам дека заслужувате повеќе од напишано соопштение“, вели Маунт во видео пораката.
„Па сакам директно да ви кажам колку сум ви благодарен за поддршката во овие 18 години. Знам дека некои од вас нема да бидат среќни со мојата одлука, но мислам дека ова е вистинскиот избор за мене во овој момент од кариерата“.
„Дојдов во Челси кога имав шест години и поминавме многу заедно. Го освоивме младинскиот куп, освојував награди за играч на годината, Суперкупот, Светското клупско првенство и незаборавната ноќа кога победивме во Лигата на шампионите“.
„Сакам да се заблагодарам на академијата која имаше големо влијание во моите рани години. Тренерите под чие водство работев, персоналот во клубот, сите мои соиграчи низ овие години кои ми беа како браќа и најважно на вас момци. Ви посакувам се најдобро“, гласеше вчерашната порака на фудбалерот.
Скоро целата своја кариера Маунт ја помиан во Челзи, но во последната сезона не добиваше многу шанса, па се одлучи дека е време за промена.
Mason Mount x Chelsea fans. 🔵 #CFC pic.twitter.com/73A5ZIdKuV
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 4, 2023