Дома Останати Кошарка Официјално: Луиџи Датоме е нов кошаркар на Олимпија

Официјално: Луиџи Датоме е нов кошаркар на Олимпија

Продолжуваат промените во тимот на Фенербахче.

После заминувањето на Жељко Обрадовиќ турскиот клуб остана без можеби најконстатниот играч во изминатиот трофеен период, Луиџи Датоме. Фенер преку својот официјален сајт ја извести јавноста дека спогодбено го раскинал договорот со италијанскиот репрезентативец. Еден од најдобрите играчи кариерата ќе ја продолжи во Олимпија од Милано.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јасно беше дека Датоме ќе си замине од Фенер после одлуката да се намали буџетот за наредната сезона. Датоме беше еден од најплатените играчи на Фенер и имаше важечки договор до 2022 година.

„Џиџи Датоме, играчот кој имаше важна улога во историските успеси кои ги постигнавме од 2015 година одлучи да си замине и да премине во друг клуб“, стои во соопштението од турскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Хрватот Хезоња збесна и сочно го пцуеше словенечкиот судија 🎥

Кошаркарите на Реал Мадрид вчера ја победија Басконија со 101:90 и поведоа со 2:0 во четвр…