Искусниот крилен фудбалер, Луис Нани и официјално стави потпис на договорот со Лацио, Португалецот во Рим пристигнува од Валенсија на едногодишна позајмица.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Лацио после истекот на позајмицата ќе има право и на откуп на договорот на Португалецот, додека само за позајмицата италијанскиот клуб на Валенсија ќе и исплати два милиони евра.
Во Лацио сметаат дека Луис Нани е одлична замена за Балде Кеита кој премина во редовите на Монако.
Нани во својата богата кариера која ја започна во Спортинг настапуваше за Манчестер Јунајтед и Фенербахче. Во Валенсија пристигна минатото лето и во дресот на шпанскиот клуб на 26 настапи постигна пет погодоци и запиша осум асистенции.