Дома Фудбал Официјално: Лопетеги нов тренер на Вулверхемптон

Официјално: Лопетеги нов тренер на Вулверхемптон

Шпанскиот стратег Хулен Лоптеги ја прифати понудата и денес официјално беше промовиран во нов тренер на Вулверхемпотон.

Лопетеги неодамна доби отказ од Севиља и ведаш стигна понудата од „волците“, но стратегот побара време поради семејни причини.

На крајот Лопетеги ја прифати понудата и кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата на кормилото на Вулверхемптон.

Лопетеги во претходните сезони имаше одлични резултати со Севиља и ја освои Лигата на Европа во 2020 година, но доби отказ поради лошите настапи оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Галијани влегува во игра за врвот на ФИГЦ, Малаго брои 13 сојузници

Дел од клубовите во Серија А го разгледуваат Адријано Галијани како кандидат за прв човек …