Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Рафаел Леао останува верен на Милан до 2028 година.
После долги преговори двете страни постигнаа договор и Леао денес стави крај на сите шпекулации и потпиша нов договор до 2028 година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Леао со новиот договор ќе заработува 5 милиони евра по сезона плус бонуси, а во него ќе има откупна клаузула од 175 милиони евра.
„Многу сум среќен, ова беше тоа што го сакав. Сега добро да ја завршиме сезоната и во иднина да освоиме многу трофеи“, кратко изјави Леао.
Official Statement: Rafael Leão ➡️ https://t.co/W6zqLvzfjW
— AC Milan (@acmilan) June 2, 2023
Comunicato Ufficiale: Rafael Leão ➡️ https://t.co/hzPDwvIRXz#SempreMilan pic.twitter.com/QE9g3ZmDgx