Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда – Роналд Куман е новиот тренер на Барселона.
Холандскиот стратег потпиша договор на две години, но втората година е со опција, бидејќи следната година ќе има претседателски избори во каталонскиот клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Куман го раскина договорот со холандската репрезентација и се согласи да го наследи Сетиен на празното столче на „Камп Ноу“.
Куман е поранешен играч на Барселона во периодот од 1989 до 1995 година. За Барселона одигра 192 натпревари, на кои постигнал 67 голови меѓу кои и клучниот во 1992 година за првата титула во ЛШ.
? Welcome home, @RonaldKoeman!
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 19, 2020
?❤️ #KoemanCuler