Дома Фудбал Официјално: Коло Туре започна самостојна тренерска кариера

Официјално: Коло Туре започна самостојна тренерска кариера

Поранешниот фудбалер, Коло Туре започна самостојна тренерска кариера и потпиша договор со Виган.

Досега Туре беше дел од стручниот штаб на Брендан Роџерс во Лестер, меѓутоа ја прифати понудата од Виган да го води клубот. Поранешниот премиерлигаш потврди дека со Туре потпишале договор на три ипол години.

„Со задоволство можеме да потврдиме дека Коло Туре е нов тренер на првиот тим“, објави англискиот клуб.

Како фудбалер Туре 14 години помина во Премиер лигата носејќи го дресот на Арсенал, Манчестер Сити и Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем пред црна серија каква што не памети, Де Зерби бара одговор кај Челси

Само една победа на последните 36 лигашки гостувања на „Стемфорд бриџ“ и шест порази по ре…