Тоа што медиумите го најавуваа, сега доби и официјлна потврда. Икар Касиљас останува во Порто уште една година!
Касиљас пред три години пристигна на „Драгао“ од мадридски Реал, оваа сезона често беше и на клупата, со оглед на тоа дека шанса добиваше младиот Жосе Са, но запиша 19 настапи во Примера и уште три во Лигата на шампионите, како и четири во португалскиот куп.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, легендарниот Шпанец прифати намалување на платата и денес потпиша едногодишен договор со „змејовите“.
Касиљас сигурно уште една година ќе го носи дресот на португалскиот гигант, а останува да видиме дали во Порто ќе ја заврши професионалната кариера.
? DEAL DONE: Iker Casillas have signed a new 1-year extension with Porto. (Source: @FCPorto) pic.twitter.com/JkWsAE52lP
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 17, 2018