Баерн Минхен предмалку го официјализираше трансферот на Жоао Кансело.
Од вчера еп ознато дека Кансело пристигнува на позајмица на шест месеци со право на откуп. Баерн ја презема неговата плати и може да го откупи за 70 милиони евра, но само има можност, не е и обврска.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според бројни извори од Англија не постои шанса Кансело да се врати во Манчестер по расправијата со Пеп Гвардиола.
„Атлетик“ пренесува дека Кансело е идеален да го имате во тимот кога му оди добро, меѓутоа не прифаќа критики кога не му оди.
Во Сити и така беше до сега, се функционираше перфектно и беше еден од незаменливите, но кога падна во формата не ги прифати советите од Пеп. Пеп не сакаше да има незадоволен играч во својот тим па затоа го испрати во Баерн.
🔴⚪ Hier mag euch jemand 𝓢𝓮𝓻𝓿𝓾𝓼 sagen! 👀✌️ #ServusJoão
— FC Bayern München (@FCBayern) January 31, 2023
🔗 https://t.co/Zl8900o30p#MiaSanMia #FCBayern pic.twitter.com/OppwjX5TW6