Џани Инфантино е реизбран за претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) уште четири години, до 2027 година.
Бидејќи немаше противкандидати Инфантино беше избран со акламација на 73 конгрес во Кигали, Руанда, каде имаше и делегација на ФФМ предводена од претседателот Сејдини.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ова е прв официјален реизбор на Инфантино откако го замени суспендираниот претходник Јозеф Блатер на чело на ФИФА во 2016 година. Тоа значи дека тој може повторно да се кандидира за мандатот од 2027 до 2031 година, според статутот на ФИФА.
Западноевропските земји се незадоволни од неговото претседателство, а тоа јавно го изразија Германија, Норвешка и Шведска.
„Дозволете ми само да ви кажам благодарам на сите вас. На оние кои ме сакаат, а кои ги има многу, и на малцинството што ме мразат, ве сакам сите вас“, изјави Инфантино.