Дома Фудбал Репрезентации Официјално: Златко Далиќ ќе остане селектор на Хрватска и после Мундијалот во Катар

Официјално: Златко Далиќ ќе остане селектор на Хрватска и после Мундијалот во Катар

Златко Далиќ ќе биде селектор на фудбалската репрезентација на Хрватска до 2024 година.

Фудбалскиот сојуз на Хрватска потврди дека Далиќ потпишал нов договор според кој треба да ја води Хрватска до крајот на Европското првенство во 2024 година.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Благодарност до претседателот и раководството на довербата. Многу пати и претходно истакував дека за мене е чест водењето на националниот тим. Иако со ова доаѓа и огромна одговорност и голем притисок, сепак водењето на репрезентацијата е најголема привилегија која еден тренер може да ја има. Воопшто не се довумев кога ми беше понудено продолжување на договорот“, изјави Далиќ.

Далиќ селектор на Хрватска стана во 2017 година и со оваа репрезентација стигна до финалето на Светското првенство 2018 година, а на Европското првенство летово Хрватска беше елиминирана во осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…