Eкипата на Шкендија преку својот официјален сајт информираше дека Арбин Зејнулаи повеќе не е нивни играч.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во соопштението се наведува дека во взаемен договор Зејнулаи ја прекинува соработката. Фудбалерот сака да пронајде клуб каде што ќе има повеќе простор за игра, па Шкендија не му стоеше на патот и му се заблагодари за досегашните настапи.
Член на првиот тим Зејнулаи е од 2016 година и има само 22 години, во минатата сезона на 31 натпревар запиша три асистенции.