Дома Фудбал Репрезентации Официјално: Жорге Сампаоли нов селектор на Аргентина

Официјално: Жорге Сампаоли нов селектор на Аргентина

Досегашниот тренер на Севиља, Жорге Сампаоли и официјално беше претставен како нов селектор на фудбалската репрезентација на Аргентина, а пред него се два големи предизвици, да го извлече најдоброто од Лионел Меси и да ја врати довербата на навивачите.

„Ова е остварување на сонот. Секогаш бев воодушевен од оваа позиција. Договор потпишав до Светското првенство 2022 и се надевам дека можеме да направиме нешто добро за народот во оваа земја“, изјави 57 годишниот Сампаоли на конференцијата за новинари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сампаоли потпиша петгодишен договор, а како што кажа неговата мисија е да изгради тим кој ќе биде почитуван во историјата на аргентинскиот фудбал и да ги врати навивачите на трибините.

Фудбалскиот сојуз на Аргентина на екипата на Севиља со која Сампаоли имаше уште година од договорот и исплати 1.5 милион евра.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Алегри сака да се врати во Милан

Масимилиано Алегри на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Јувентус бидејќи раков…