Поранешниот најдобар тенисер во светот, Енди Мари денес и официјално потврди дека ќе го пропушти првиот Грен слем турнир во годината, Австралија Опен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мари нема стапнато на терените од минатогодишниот Вимблдон поради повредата на колкот од која никако да се опорави.
„За жал нема да играм во Мелбурн оваа година, не сум подготвен да се натпреварувам. Наскоро се враќам дома за да ги разгледам сите опции. Ги ценам пораките со поддршка, се надевам дека наскоро ќе се вратам”, соопшти Мари.
Тој моментално се наоѓа на 16 место на АТП листата, а неодамна го откажа и настапот на турнирот во Бризбејн.