Дома Фудбал Англија Официјално: Де Брујн на „Етихад“ до 2025 година!

Официјално: Де Брујн на „Етихад“ до 2025 година!

Манчестер Сити потврди дека нивниот најдобар фудбалер, Кевин де Брујн ставил потпис на нов договор.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Белгиецот се обврза на верност со „граѓаните“ до 2025 година, а со новиот договор ќе добие и значително зголемување на платата.

„Не можам да бидам посреќен. Откако дојдов во Сити во 2015 година се чувствувам како дома. Ги сакам фановите, мојата фамилија се прилагоди тука во Манчестер и мојата игра се разви навистина многу добро. Го играм најдобриот фудбал во мојата кариера и искрено чувствувам дека имам уште што да покажам“, изјави Де Брујн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Македонски фудбалер доби овации од публиката на „Кошево“ (Видео)

Македонија вечерва игра пријателски дуел против Босна и Херцеговина, а еден наш репрезента…