Македонскиот актуелен ракометен шампион, Еурофарм Пелистер останува без голманот Калифа Гедбан. Гедбан кариерата ја продолжува во бундеслигашот, Ерланген, потврди денес германскиот клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ќе ја заврши сезоната во зелено-белиот дрес, по што ќе се пресели во Германија. Во Битола Гедбан пристигна минатото лето и си заминува по само една сезона. Претходно го носеше дресот и на Вардар од 2018 до 2020 со кој стана и европски шампион.
Во Еурофарм Пелистер се најавуваат промени за текот на летото, а сега е сигурно дека ќе треба да ангажираат барем еден голман.