Дома Фудбал Англија Официјално: Гвардиола потпиша нов договор со Манчестер Сити

Официјално: Гвардиола потпиша нов договор со Манчестер Сити

Вчера се појавија најавите за нов договор, а денес добивме и официјална потврда – Пеп Гвардиола потпиша нов договор со Манчестер Сити.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Новата соработка на Пеп и Сити е за дополнителни две години и договорот има важност до 2026 година.

„Среќен сум што ќе останам во Манчестер Сити плус две години. Имам чувство дека уште многу можеме да постигнеме заедно и затоа сакам да продолжам да се борам за трофеи.

Не можам да се заблагодарам доволно на сите кои ми веруваа. Од својот прв ден се чувствувам посебно тука“, изјави Гвардиола по потписот на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Заврши норвешката бајка, Англија по 120 минути до полуфинале на Мундијалот! (Видео)

Англиската репрезентација успеа да се пласира во полуфиналето на Светското првенство, по д…