Дома Останати Ракомет Официјално: Вујо нов тренер на ППД Загреб

Официјално: Вујо нов тренер на ППД Загреб

vujovic

Вчера тимот на ППД Загреб се раздели со тренерот Бранко Тамше.

На стартот од сезоната Загреб немаше резултати како што се очекува за овој клуб, па Тамше ја плати цената со тоа што беше отпушен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вчера медиумите најавуваа, а денес се случи и официјалното претставување, нов тренер на овој клуб е Веселин Вујовиќ.

Вујо претходно го водеше Загреб од 2014 до 2016 година и после три години се враќа во хрватскиот клуб.

„Планирав да немам клуб до Нова година, но оваа понуда не можев да ја одбијам. Брзо постигнавме договор. Тие ми помогнаа кога мене ми беше тешко и тоа не можам да го заборавам. Мислам дека имаме шанса да се пласираме во Лигата на шампионите наредната сезона. На наш терен против нас никој нема да биде фаворит“, порача Вујо на претставувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вујовиќ експресно доби отказ во Хрватска, но и суспензија од три месеци

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ поради лошите резултати доби отказ…