Дома Македонски спорт Мак ракомет Официјално: Вардар потпиша со Кристопанс!

Официјално: Вардар потпиша со Кристопанс!

Ракометниот клуб Вардар, на својата интернет страница, објави дека потпишал тригодишен договор со највисокиот играч во Лигата на шампионите, 213 сантиметри високиот Даинас Кристопанс.

Летонецот Кристопанс сезонава настапува за екипата на Мешков Брест, а договорот со Вардар ќе започне да важи од сезоната 2017/2018. Критопанс на позицијата десен бек ќе го замени Алекс Душебаев кој по завршувањето на сезоната ќе го напушти Вардар.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Секогаш е задоволство кога можеш да потврдиш дека сте успеале да донесете играч кој е веќе докажан, но се уште може да напредува и заедно да се радуваме на нови победи. Даинис Кристопанс доаѓа во Вардар како големо засилување за тимот, не само во нападот туку и во одбрана. Веруваме дека неговото доаѓање ќе придонесе за уште подобра игра на екипата, и во одбрана и напад, а тој ќе ги покаже сопствениот раскошен талент и квалитети“, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Кристопанс лани ја имаше најдобрата сезона во ЛШ, постигнувајќи 62 гола. Сезонава постигна 23 гола на пет натпревари. Во СЕХА лигата има постигнато 25 гола на седум натпревари, и е втор најдобар стрелец во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

ГРК Тиквеш доби силен спонзор од својот град

Екипата на ракометниот суперлигаш Тиквеш од Кавадарци се пофали со нова соработка за следн…