Шпанскиот гигант Валенсија повторно ќе игра во Лигата на шампиони, па потребни им се играчи кои би им помогнале во постигнување на подобар резултат во европското натпреварување.
Валенсија беше еден од најактивните клубови минатата сезона. Екипата има многу млади играчи кои сакаат да се докажуваат, а пред неколку дена пристигна и Мичи Батшуаи од Челси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Денеска, Валенсија на својот Твитер профил објави дека ангажирала играч на „жолтата подморница“, Денис Черишев.
Русинот играше фантастично на Мундијалот во својата татковина, па помогна во елиминацијата на Шпанија во нокаут фазата.
Черишев играше претходно за „лилјаците“, во 2016. година беше на позајмица, па потоа се врати Виљареал.
Comunicado oficialhttps://t.co/5ndinFmJI3 pic.twitter.com/Mls5iFCt9b
— Valencia CF ?? (@valenciacf) August 14, 2018