Стартува трката за неговиот потпис!
Како и што официјално беше соопштено на сајтот на украинскиот шампион, Шахтјор, повремениот репрезентативец Бернард го напушта клубот после пет години.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Поранешниот играч на Атлетико Минеиро остави длабока трага во Доњеск, запиша 157 официјални натпревари, постигна 28 погодоци, освои три титули во Украина, три трофеи во Супер купот и три трофеи во купот на Украина.
Сега ќе побара нов предизвик како слободен играч.
„Големо благодарам до навивачите на нивната поддршка, почит и пријателство. До сите испраќам една голем прегратка“, изјави Бернард по заминувањето од клубот.
Крилниот фудбалер има 25 години, па јасно е дека им уште многу да понуди на фудбалот, а нема сомневање дека од денес агентот на неговиот телефон и тоа како ќе биде активен.
Интер од поодамна покажуваше интерес за неговите услуги. Според пишувањето на италијанските медиуми го сакаат уште Милан и Лацио, тука се и клубовите од неговата татковина, Палмеирас и Сао Паоло.
'Many thanks to the fans for their support, respect and friendship. I want to give everyone a hug!'@b_10duarte recalls the highlights of his spell at Shakhtar and addresses the fans ⬇https://t.co/f8imtrBwrX
— FC SHAKHTAR ENGLISH (@FCShakhtar_eng) June 20, 2018